АКО ТРГНУВАТЕ НА ПАТ На овие гранични премини се чека и до 30 минути

АМСМ информира за зголемена фреквенција на Богородица, Дојран и Табановце, а апелира возачите да бидат внимателни поради можни одрони на повеќе патни правци низ државата.

АКО ТРГНУВАТЕ НА ПАТ На овие гранични премини се чека и до 30 минути
Фото: Национал

Според информациите од АМСМ, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Дојран за излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Табановце за влез во државата задржувањето е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез.

АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат особено внимателно низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од појава на одрони. Најголема претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Во сила е и летниот режим на сообраќај, кој трае од 1 јули до 31 август. Во овој период е забрането движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и во денови со екстремно високи температури.

CATEGORIES
Share This