Адриана Богдановска – Тоскиќ во „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија 18.01.2024
Вечерва, четврток, 18 јануари 2024 година, во емисијата на водителот Сашо Тасевски „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија гостува Адриана Богдановска – Тоскиќ психијатар, психотерапевт, судски вештак и докторанд на медицински науки. Со водителот Сашо Тасевски на интересни теми важни за нашите животи како што е патологијата како се почеста појава на фејсбук инстаграм, тик ток, селфињата како симптом на немање самодоверба. Она кога ги правиш на секој пола саат. Зависноста од тоа да се биде познат барем две минути. Како да ги препознаете вашите деца дека стануваат зависни од тик ток, пред да почнат да се губат во тој кошмарен лавиринт, што да преземете. Гостинката како психијатриски вештак, која вештачела тешки убијци ќе зборува за малигните нарцисоидност, како да ја препознаете кај шефот на работа, кај вашиот политички лидер, дома во семејството, кај вашиот сакан дечко или девојка. Како манипулираат со вас, како ве искористуваат!


