САД НАПРАВИЈА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ КОН СИРИЈА Ал-Шара веднаш реагираше

Вашингтон ја укина децениската ознака за Сирија како држава спонзор на тероризмот, отворајќи простор за ублажување на санкциите и економско закрепнување.

САД НАПРАВИЈА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ КОН СИРИЈА Ал-Шара веднаш реагираше
Фото: Принтскрин

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави да ја отстранат Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот, оценувајќи дека потегот отвора нова страница за земјата и создава услови за економско закрепнување.

„Денес, Сирија се ослободува од темната дамка и го затвора болното поглавје од своето минато, за да тргне по патот на развојот, реконструкцијата и обновата“, изјави Ал-Шара во својот говор, пренесува „Ал Арабија“.

Со одлуката на Вашингтон се укинува повеќедецениската ознака која носеше сериозни економски ограничувања за Сирија. Американското Министерство за финансии, истовремено, најави соодветно ублажување на санкцискиот режим кон земјата.

Сириските власти очекуваат дека олеснувањето на санкциите ќе придонесе за подобрување на економската состојба, привлекување инвестиции и забрзување на процесот на обновување на земјата.

ОД ЛИСТА НА ТЕРОРИСТИ ДО БЕЛАТА КУЌА Сирискиот претседател Ал-Шара кај Трамп

CATEGORIES
Share This