МИЛОРАД ДОДИК БЕЗ МАНДАТ – Судот ја одби неговата жалба
На 12 август, адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, во име на правниот тим поднесе жалба до Судот на БиХ. Тој тогаш изјави дека кривичното право и постапките на ЦИК се користат како инструмент за политички притисок.

Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина денеска ја одби жалбата на правниот тим на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, поднесена против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) за одземање на неговиот мандат.
„Во законскиот рок, Апелациониот оддел донесе и испрати решение со кое жалбата поднесена против одлуката на ЦИК од 6 август се отфрла како неоснована. Со таа одлука беше констатиран престанокот на мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, соопшти Судот.
ЦИК на 6 август одлучи да му го одземе мандатот на Додик поради, како што беше наведено, неговото непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.
На 12 август, адвокатот на Додик, Горан Бубиќ, во име на правниот тим поднесе жалба до Судот на БиХ. Тој тогаш изјави дека кривичното право и постапките на ЦИК се користат како инструмент за политички притисок.
„Граѓаните не се овци – вистината се наоѓа во гласачките кутии. Секој обид да се поништи нивната волја и да се наруши владеењето на правото мора да биде оспорен со сите законски средства“, нагласи Бубиќ.


