НОВО РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР – Без катни гаражи, ќе има и различни цени

НОВО РЕШЕНИЕ ЗА ПАРКИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР – Без катни гаражи, ќе има и различни цени

Во најголемиот медицински комплекс во земјава, скопскиот Клинички центар, нема да се градат катни гаражи – одлучи министерот за здравство Азир Алиу. Наместо тоа, со адаптација на дел од постојниот простор, ќе се зголеми бројот на паркинг-места, при што капацитетот ќе биде двојно поголем.

Цените за паркирање нема да бидат исти за сите. Алиу најави дека ќе има различни тарифи за пациентите, медицинскиот персонал и останатите посетители, а критериумите според кои ќе се утврдува кој доаѓа во функција на работа или на преглед сè уште се подготвуваат. „Во моментов цените се формираат, по што јавноста ќе биде информирана поконкретно,“ изјави министерот.

Проблемот со паркингот на Клиничкиот центар трае со години, при што претходните министри најавуваа различни решенија, но без реална реализација. Последниот обид беше изградбата на катни гаражи, но тендерот распишан во времето на поранешниот министер Арбен Таравари беше поништен. Причината беше што на тендерот се јави само една странска компанија, која според договорот требаше на државата да ѝ исплаќа само 1% од годишниот приход – услов што предизвика бројни реакции во јавноста.

CATEGORIES
Share This