ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА СОЛАРНАТА ЕНЕРГИЈА: Нови олеснувања за домаќинства и компании
Министерството за енергетика предложи измени на Законот за енергетска ефикасност со кои значително ќе се олесни поставувањето на кровни фотоволтаици.

Со новите измени се зголемува максималната дозволена моќност за домаќинства на 10 kW, а за компании на 70 kW.
Првпат се воведува законски рок од еден месец за издавање дозволи за поставување соларна опрема до 100 kW, како и за потрошувачи-производители и за заедници на обновлива енергија. Целта е да се поедностави административната постапка и да се поттикне брзо преминување кон користење обновливи извори на енергија.
Дополнително, се скратува и постапката за приклучување на електродистрибутивната мрежа. Доколку не е можно приклучување на бараната локација, операторот е должен во рок од 15 дена да предложи алтернативна точка. Прицелниот рок за приклучување по комплетирање на документацијата е еден месец.
Во случај операторот да не одговори во предвидениот рок, ќе се смета дека согласноста е автоматски дадена, што претставува голем чекор напред во поддршката на потрошувачите-производители и зелениот енергетски преод.


