ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДОДИК – Една година затвор и 6 години забрана за вршење на политичка функција
удот прецизира дека на оваа второстепена одлука не постои право на жалба.

Судот на Босна и Херцеговина денеска соопшти дека Апелациониот оддел ја потврдил првостепената пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, додека в.д. директорот на „Службениот гласник“, Милош Лукиќ, е ослободен од обвинението. Пресудата официјално им е доставена на странките во постапката.
Во соопштението се наведува дека Апелациониот оддел, по одржаната седница на 12 јуни, ги одбил жалбите и на одбраната и на Обвинителството, целосно потврдувајќи ја првостепената одлука.
Со ова, Милорад Додик е осуден на едногодишна затворска казна, како и шестгодишна забрана за вршење на јавна функција, конкретно на функцијата претседател на Република Српска. Постапката против него се водеше поради, како што е наведено, непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Судот прецизира дека на оваа второстепена одлука не постои право на жалба.


