ПОДРШКАТА НА СДС И ДУИ ЗА КОЦЕВСКИ ГИ ФРЛА ВО ВОДА СИТЕ НИВНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ЗА КОЧАНИ Потврдуваат дека трагедијата ја користеле за политички поени

Коцевски без легитимитет веќе не може да биде јавен обвинител, затоа го повикуваме, наместо да се однесува како ништо да не се случило и да шета по истражни центри низ државата, да си поднесе неотповиклива оставка.

ПОДРШКАТА НА СДС И ДУИ ЗА КОЦЕВСКИ ГИ ФРЛА ВО ВОДА СИТЕ НИВНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ЗА КОЧАНИ Потврдуваат дека трагедијата ја користеле за политички поени
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Тоа се виде и пред неколку дена во македонското Собрание, кога паднаа маските, а СДС и ДУИ здружно застанаа зад Љупчо Коцевски.

Да, тоа е и истиот оној Коцевски, главен јавен обвинител од кого СДС и ДУИ, наводно, не беа задоволни.

За што испратија голем број соопштенија и одржаа прес-конференции во кои искажуваа незадоволство од водењето истраги и обвинуваа за селективност, посебно за истрагата за случајот Кочани.

И кога дојде ред во Собрание да му се изгласа недоверба на Коцевски, СДС и ДУИ му пуштија гума за спасување.

Негласањето на пратениците на СДС и ДУИ за интерпелацијата за Коцевски, ги фрла во вода сите нивни соопштенија и прес-конференции и ја потврдува тезата дека, за нив, Кочани било само тема за профитирање политички поени, медиумско внимание и нивно јавно појавување.

Глумењето незадоволство од истрагата, обвинувањата за селективност, хушкањето за трагедијата, очигледно не биле за правда.

После ова веќе нема да имаат кредибилитет јавно да прашуваат и да повикуваат на одговорност, зошто одговорите ги има Коцевски, кој по гласањето во Собрание, се виде дека е нивен.

Затоа и се држат за некако како за сламка за спас. Тие го спасуваат Коцевски и не гласаат за интерпелацијата против него, за тој да продолжи како и до сега, да ги спасува од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ.

Сега на сите ни стана јасно, зошто и после година дена во опозиција ниту еден од СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законите, и за дел од кои јавно објавивме и афери за сторени криминали и корупција, нема никакво обвинение или пак истрага.

Тие сè уште се на слобода, без никаква постапка против нив, а Коцевски сè уште седи на столчето главен јавен обвинител.

Со тоа само дополнително се потврдува тезата дека СДС и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, а Коцевски е сламката за спас и заштита на криминалите на Филипче, Заев и секако Али.

Коцевски без легитимитет веќе не може да биде јавен обвинител, затоа го повикуваме, наместо да се однесува како ништо да не се случило и да шета по истражни центри низ државата, да си поднесе неотповиклива оставка.

CATEGORIES
Share This