ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО УТРЕ Дел од Општина Карпош без вода

ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО УТРЕ Дел од Општина Карпош без вода

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека утре (петок) делови од општина Карпош ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа.

Причината е дефект во шахта на улицата Будимпештанска 26А, каде ќе се врши замена на вентил со димензија ф 3/4.

Поради ова, со прекинато водоснабдување ќе бидат жителите на улиците Осло, Хашка, Будимпештанска, како и дел од Женевска.

Прекинот ќе започне во 09:30 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности, соопштуваат од претпријатието.

CATEGORIES
Share This