ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ „Вреди“ ги откри кандидатите за градоначалници

Овие кандидатури се очекува наскоро да бидат формално потврдени од раководството на коалицијата „Вреди“.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ „Вреди“ ги откри кандидатите за градоначалници
Фото: Национал

Коалицијата „Вреди“ ќе настапи со свои кандидати за градоначалници во повеќе општини на претстојните локални избори во октомври. Според информациите објавени од новинската агенција ИНА, одлуката била донесена по вчерашната средба на лидерите на партиите членки на коалицијата.

Како кандидати за градоначалници се предложени:

  • Изет Меџити – во општина Чаир

  • Билал Касами – актуелен градоначалник, повторно кандидат во Тетово

  • Фатмир Лимани – во Кичево

  • Фадил Цана – во Гостивар

  • Мухамед Елмази – во Сарај

  • Фисник Мела – во Дебар

  • Фети Абази – во Боговиње

  • Даут Мемиши – во Теарце

  • Блерим Сејдиу – во Желино

  • Хаќим Рамадани – во Брвеница

  • Афет Јашари – во Студеничани

  • Неџмедин Садику – во Липково

  • Хамит Шабани – во Врапчиште

За општина Арачиново, одлуката за кандидат сè уште не е донесена, а во игра се две имиња.

Овие кандидатури се очекува наскоро да бидат формално потврдени од раководството на коалицијата „Вреди“.

CATEGORIES
Share This