ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ГО ОТВОРИ ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ Над 1.300 учесници од повеќе од 10 земји

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ГО ОТВОРИ ФЕСТИВАЛОТ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ Над 1.300 учесници од повеќе од 10 земји
Фото: Национал

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, со зборови исполнети со гордост и почит кон традицијата на отворањето на 55. републички фестивал „Илинденски денови“. Фестивалот синоќа започна со шармантно фолклорно дефиле по Широк Сокак.

Во присуство на над 1.300 учесници од повеќе од 10 земји, Коњановски истакна дека Битола повторно се претвора во сцена на културна магија, која обединува народи од светот преку музика, носии и танци.

„Културата е најсилниот глас на Битола – тивка кога треба, понекогаш гласна, но секогаш горда и жива“, рече тој пред Офицерскиот дом.

Мотото на фестивалот годинава е „Денес за утре“ и ја носи пораката дека треба да ја чуваме и пренесуваме нашата традиција на идните генерации.

Фестивалот, кој се одржува од 18 до 31 јули како дел од „Битолското културно лето“, нуди 70 настани и настапи на фолклорни ансамбли од Македонија и гости од Полска, Индонезија, Мексико, Хрватска, Швајцарија и други земји.

„Она што го создадавме денес, ќе остане за идните генерации“, додаде Коњановски, изразувајќи благодарност до организаторите, уметниците и волонтерите кои го направија ова издание на фестивалот незаборавно, продолжувајќи ја традицијата која над половина век го негува македонското културно наследство.

CATEGORIES
TAGS
Share This