АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, без подолги чекања на граничните премини
Патиштата се претежно суви, а интензитетот на сообраќај е умерен. Возачите се предупредуваат на можни одрони во клисурите и речните долини.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите на зголемена внимателност, приспособување на брзината кон условите на патот и доследно почитување на сообраќајната сигнализација.
Посебна претпазливост се препорачува на патните правци што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои опасност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен од 15 април за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

