ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Еве кои населби и улици ќе бидат засегнати
Поради планирани интервенции на електричната и водоводната мрежа, дел од жителите на Аеродром, Чучер Сандево и Центар ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето.

Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради најавени работни активности на надлежните јавни претпријатија.
Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекини во електроснабдувањето се предвидени на следните локации:
-
Од 09:00 до 14:00 часот – дел од главната улица „Тодор Чангов 28“ и дел од улицата „Данка Фирфова“ во Лисиче, општина Аеродром.
-
Од 09:30 до 13:00 часот – дел од корисниците во селото Глуво – Бразда, општина Чучер Сандево.
-
Од 10:00 до 13:00 часот – дел од викенд-населбата Побожје, во близина на црквата „Пресвета Богородица“, општина Чучер Сандево.
Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека поради изведување водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, без вода ќе останат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“, како и од улиците со броеви од 163 до 172 во Крњево, општина Центар.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности, без прецизно утврден термин за нормализирање на снабдувањето.

