СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА Дожд, силен северен ветер и снег на планините

Температурите ќе се движат од 3 до 14 степени, а најобилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата.

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА Дожд, силен северен ветер и снег на планините
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно и постудено време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Најинтензивни врнежи се очекуваат во југоисточните региони.

Поради продор на студена воздушна маса од север, на дел од повисоките планини дождот повремено ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе биде особено изразен долж Повардарието. Температурите ќе се движат во интервал од 3 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во одделни делови од Скопската Котлина повремено ќе засилува.

CATEGORIES
Share This