ХОСПИТАЛИЗИРАН ДЕЈВИД БЕКАМ – Викторија објави трогателна фотографија

Семејството Бекам во последно време е повлечено од јавноста, но медиумите забележуваат и тензии во семејната динамика, особено во односите со најстариот син, Бруклин Бекам.

ХОСПИТАЛИЗИРАН ДЕЈВИД БЕКАМ  – Викторија објави трогателна фотографија

Поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам заврши во болница, откако се повредил на раката. Неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам, ја сподели веста на Instagram, објавувајќи фотографија на која Дејвид лежи на болнички кревет, со преврзана рака, но со насмевка на лицето.

Во описот на фотографијата Викторија напиша: „Оздрави брзо, тато“, упатувајќи емотивна порака до сопругот. Иако не се откриени детали за природата на повредата, фотографијата привлече големо внимание на социјалните мрежи, каде фановите испратија бројни пораки за поддршка и брзо закрепнување.

CATEGORIES
Share This