ДОМ ЈА НАПУШТА КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ – најавува самостоен настап и нова „Коалиција за зелена иднина
„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока – самостојна, јасна и идеолошки доследна“, порачуваат од ДОМ.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ, оценувајќи дека повеќе не постои заедничка вредносна основа.
Од партијата истакнуваат дека е време за „нов, самостоен и идеолошки доследен политички курс“, насочен кон инклузивност, отвореност и вистинско партнерство со граѓанскиот сектор и локалните заедници.
ДОМ најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“ – платформа за поддршка на независни, автентични кандидати со визија за зелено, праведно и европско општество.
На претстојните локални избори, партијата ќе настапи без традиционални политички партнери, поддржувајќи локални лидери со интегритет и врска со заедницата.


