ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО АМЕРИКАНЦИТЕ Сакате избори во Украина? Потребни се 60 дена примирје

Украинскиот претседател потврди дека е подготвен повторно да се кандидира и пред завршувањето на војната, но предупреди дека без прекин на огнот и безбедносни гаранции нема услови за организирање избори.

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО АМЕРИКАНЦИТЕ Сакате избори во Украина? Потребни се 60 дена примирје
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен повторно да се кандидира на претседателските избори доколку тие се одржат пред завршувањето на војната со Русија, нагласувајќи дека смета оти негова должност е да ја предводи и брани Украина сè до прекинот на воените дејства.

Во интервју за американската телевизија NBC News, Зеленски посочи дека организирањето избори во воени услови е можно само доколку се обезбедат соодветни безбедносни гаранции.

Тој изрази подготвеност да се бара правно и организациско решение за одржување на изборите, под услов Русија да прифати најмалку 60-дневно примирје.

Според неговото објаснување, постојната законска рамка предвидува период од најмалку шест месеци по завршувањето на војната за подготовка на изборниот процес, но украинските власти би можеле да разгледаат поинакво решение доколку се создадат неопходните услови.

„Ова не е само прашање на законодавство, туку и на безбедносни мерки“, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател повтори дека доколку Соединетите Американски Држави инсистираат на одржување претседателски избори, неопходно е претходно да се обезбеди прекин на огнот во траење од најмалку 60 дена.

Како што пренесува украинската агенција „Укринформ“, Зеленски смета дека без такви услови би било исклучително тешко да се организира безбеден и регуларен изборен процес во земја која и натаму е зафатена од војна.

CATEGORIES
TAGS
Share This