Коки Аврамовски во „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија 28.12.2023
Вечерва, четврток, 28 декември 2023 година, во емисијата на водителот Сашо Тасевски „Лизгачки старт“ на ЕМ Телевизија гостува Коки Аврамовски дијамантот од шампионската генерација на Вардар. Кадетски репрезентативец на Југославија. Денес тренер кој создава играчи за големи дострели. За самракот на денешниот фудбал. За родителите кои даваат пари на разни менаџери пирани, кои ја злоупотребуваат нивната љубов кон децата. За оние преамбициозните кои знаат повеќе од тренерот и само им одмагаат на своите деца во фудбалот. За Вардар кога газеше низ бившата СФРЈ. За татко му кој го гледал на тренинг од грмушки. За менталитетот на шампионите. Како се гради? За проклетијата на ова место да не признава успех. И за уште многу теми. Со најдобриот. Коки Аврамовски. Соговорник за капа долу. Паметен и нормален. Неоптоварен од ништо, само со многу жар за фудбал во очите.


