ТРАГЕДИЈА ШТО ПОВРЗУВА Спомени од трагедијата во Гетеборг за надеж во Кочани

Мотото на посетата е: „Да го направиме Кочани град на отпорност и солидарност“

ТРАГЕДИЈА ШТО ПОВРЗУВА Спомени од трагедијата во Гетеборг за надеж во Кочани
Фото: Фејсбук

Од 16 до 18 јуни 2025 година, Кочани ќе биде домаќин на тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, кој доаѓа како чин на солидарност по трагедијата што го погоди градот. Посетата има за цел да поттикне заеднички дијалог, размена на искуства и градење модели на отпорност и заздравување.

Шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од трагедијата што се случи пред 27 години – пожарот во дискотеката во Гетеборг во 1998 година, при што загинаа 63 млади лица. Нивната посета претставува обид за заедничко создавање на патишта за солидарност, трајна поддршка и надеж.

Тимот од Гетеборг е во состав:

  • Елеонор Артфорс и Хели Кунас – социјални работници

  • Параш Лама и Розбе Асланијан – преживеани од трагедијата

  • Бенгт Холм и Пер-Андерс Линдфелд – пожарникари

  • Ларс Лилед – координатор на Центарот за поддршка

Тие ќе понудат и лични и професионални искуства со цел да дадат психосоцијална и едукативна поддршка на граѓаните во Кочани и регионот.

  • Официјално отворање:

    • 16 јуни 2025 | 11:00 часот | Мулти-Култи центар (МКЦ), Кочани

    • Воведни обраќања ќе одржат:

      • Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин

      • Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски

      • Претставници од тимот од Гетеборг

      • Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска

  • Доделување на книга:
    Амбасадорката и тимот од Гетеборг ќе го предадат македонскиот превод на книгата „Како поставување сложувалка“, која преку реконструкција на настаните од трагедијата во 1998 година, нуди увид во процесот на заздравување и обновување на заедницата.

  • 17–18 јуни:
    Ќе се одржат разни активности, вклучувајќи отворени и затворени сесии, групни размислувања, споделување на научени лекции и дијалози за идни чекори и соработка.

Оваа значајна иницијатива е дел од програмата Тим Европа, реализирана од:

  • Амбасадата на Кралството Шведска

  • Делегацијата на Европската унија

  • Јуроп Хаус

  • Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска

  • Во соработка со Општина Кочани и граѓанската иницијатива „Поддржете го Кочани“

Мотото на посетата е: „Да го направиме Кочани град на отпорност и солидарност“

CATEGORIES
Share This