Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен да ја напушти премиерската функција доколку на претстојните локални избори граѓаните покажат дека ја изгубиле довербата во него. Изјавата уследи како реакција на повиците за негова оставка од страна на опозициската СДСМ, поради трагедијата во Кочани и, како што тврдат, затајувањето на институциите.
„Не сакам да ја коментирам работата на Обвинителството. Одговорноста ќе ја видиме за четири месеци. Опозицијата праќа политички пораки. Тоа што мисли СДСМ е едно, а што мислат граѓаните – ќе видиме на избори. Ако тие сметаат дека треба да се повлечам и да сносам политичка одговорност, тоа ќе го направам веднаш, без одлагање – не како во 2021 година“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека има доверба во поддршката од граѓаните и отфрли дека ставовите на СДСМ се одраз на пошироко јавно мислење.