ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОТКРИВА ИДНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ – 33 имиња досега

Тој додаде дека во моментот се спроведуваат уште 17 мерења во различни општини, по што ќе биде заокружена целосната листа со кандидати за сите општини.

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОТКРИВА ИДНИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ – 33 имиња досега
Фото: Национал

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека партијата веќе има утврдено 33 имиња на кандидати за градоначалници, а процесот на селекција се очекува целосно да заврши до крајот на првата половина од јули.

„Вчера на седницата во Штип донесовме одлука за нови кандидати за градоначалници, и според моето силно уверување, тоа се идни градоначалници“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека во моментот се спроведуваат уште 17 мерења во различни општини, по што ќе биде заокружена целосната листа со кандидати за сите општини.

„Освен кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, дел од имињата кои ќе ги поддржиме уште во првиот круг се и кандидати предложени од коалиционите партнери – како од пошироката коалиција, така и од внатрешната коалиција“, нагласи Мицкоски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ досега ги објави следните кандидати за градоначалници; За Македонски Брод – Жарко Ристески, за Могила – Драганчо Саботковски, за Пробиштип – Тони Тоневски, за Богданци – Марјан Пеев, за Демир Капија – Наталија Димитриева, за Општина Росоман – Ѓорги Крстевски, за Новаци – Стевче Стевановски, за Дебарца – Златко Силјановски, за Битола – Тони Коњановски, за Кавадарци – Митко Јанчев, за Охрид – Кирил Пецаков, за Велес – Марко Колев, за Шти – Иван Јорданов, за Гевгелија – Андон Сарамандов, Зоран Бајовски – Чучер-Сандево, Дејан Владев – Свети Николе, Виктор Паунов – Карбинци, Киро Нацков – Градско, Коста Маневски- Зелениково, Александар Ѓоргиевски – Илинден, Златко Ристов – Конче, Иван Гоцевски – Делчево, Ѓорге Божинов – Ново Село, Славе Андонов – Василево, Ристо Манчев – Босилово, Петар Ружински – Берово, Борче Митевски – Петровец, Спасе Кочовски – Вевчани, Јовица Илиевски – Брвеница, Димитар Костадиновски – Јегуновце и скопските општини, Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

CATEGORIES
Share This