ФИЛИПЧЕ И СДС ДА НЕ ГО ПОТЦЕНУВААТ НАРОДОТ – ЈО не смее да молчи и да затвора очи за криминалот и милионските суми кои завршиле во бугарски фирми на Заев и Филипче

Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви.

ФИЛИПЧЕ И СДС ДА НЕ ГО ПОТЦЕНУВААТ НАРОДОТ – ЈО не смее да молчи и да затвора очи за криминалот и милионските суми кои завршиле во бугарски фирми на Заев и Филипче
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое е поклон, а го возеше и во предизборната кампања и е од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ.

Од Венко Филипче и СДС и понатаму молк. Дали Филипче и СДС немаат став или молкот е нивна стратегија со цел да се заборават скандалите тоа е нивна одлука.

Но молкот на Филипче и СДС е потврда на сите поставени прашања. Колку и тие да молчат силно одекнаа скандалите на фирмите и шемите кои ги креирале со кланот Заеви и испумпале милионски суми врз грбот на народот кој плаќал повисоки сметки за струја.

Венко Филипче и СДС со години ја експлоатира државата и јавните интереси на граѓаните за свои лични цели и тесно партиски интереси.

Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви. За бизнисите во Македонија, Бугарија, соседството, Персискиот залив и Дубаи.

Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ЈО не смее да молчи и да затвора очи при очигледните сомнежи за милионски криминал, граѓаните ја знаат вистината.

ЈО да не молчи и да покрене постапка за сите изнесени сомнежи во јавноста.

CATEGORIES
Share This