ТРАГЕДИЈА ВО ИНДИЈА: Се урна патнички авион со над 244 луѓе
Надлежните власти сè уште не излегоа со официјални детали за бројот на повредени или евентуално загинати, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Патнички авион на индиската авио-компанија „Ер Индија“ се урна денеска при полетување од аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад, во сојузната држава Гуџарат, јавуваат локалните медиуми.
Според првичните информации, авионот бил на пат кон Бирмингем, Велика Британија. Извор од авијацијата изјавил за агенцијата Ројтерс дека падот се случил непосредно по започнувањето на летот.
FlightRadar, најголемата веб-страница за следење летови во светот, соопшти дека летот на Air India требало да полета од меѓународниот аеродром Ахмедабад кон аеродромот Лондон Гетвик во 9:50 часот наутро по локално време. Требало да пристигне во 18:25 часот по локално време. Истовремено објави дека контакт со авионот бил изгубен помалку од една минута по полетувањето.
Снимки објавени од новинската агенција PTI ги прикажуваат запалените остатоци од леталото, со густ црн чад кој се издигнува во близина на аеродромот. Локалните телевизиски канали објавија драматични сцени на спасувачки екипи кои пренесуваат повредени лица на носилки кон амбулантни возила.
Во авионот, според информациите, имало 232 патниви и 12 членови на екипажот.
Надлежните власти сè уште не излегоа со официјални детали за бројот на повредени или евентуално загинати, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
WATCH: Air India plane carrying 242 people crashes in Ahmedabad while taking off for flight to London pic.twitter.com/KyLVZaV6i7
— BNO News (@BNONews) June 12, 2025


