ИДНИНАТА СЕ ПРАЗНИ 17.000 ученици помалку за седум години

Земјата ја напуштаат претежно млади и работоспособни луѓе, што директно се одразува врз образовниот систем и иднината на државата.

ИДНИНАТА СЕ ПРАЗНИ 17.000 ученици помалку за седум години
Фото: Принтскрин

Бројот на ученици во основните и средните училишта низ државата бележи драматичен пад. Во последните седум години, образовниот систем изгубил над 17.000 ученици, додека факултетите останале без повеќе од 5.000 студенти.

Од Министерството за образование објаснуваат дека трендот е резултат на зголемено иселување и намален наталитет. Сепак, тие изразуваат надеж дека со економскиот развој и новите можности во земјава, ќе се овозможи враќање на дел од дијаспората, заедно со нивните деца.

Иако запишувањето на учениците сѐ уште е во тек и нема конечни бројки за новата учебна година, надолниот тренд е очигледен.

Иселувањето, кое значително се интензивираше во последните 15 години, предизвика сериозни демографски промени. Земјата ја напуштаат претежно млади и работоспособни луѓе, што директно се одразува врз образовниот систем и иднината на државата.

CATEGORIES
TAGS
Share This