ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО СТРУМИЦА Проневерени над 94 милиони евра, 30 дена притвор за Крмзов

Надлежните институции најавуваат продолжување и проширување на истрагата со цел целосно расчистување на случајот.

ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО СТРУМИЦА Проневерени над 94 милиони евра, 30 дена притвор за Крмзов
Фото: Принтскрин

Во најголема даночна измама во историјата на Македонија, пријавени се 30 лица и 15 фирми за проневера на над 94 милиони евра.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи и Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Осомничени се 30 физички и 15 правни лица од Струмица, обвинети за „злосторничко здружување“, „даночна измама“, „перење пари“ и „несовесно работење во службата“. Главни организатори се Р.К. (56), З.К.В. (30) и В.П. (29), кои во 2019 година ја формирале криминалната група со цел нелегално извлекување средства од државниот буџет. Во шемата се вклучени и управители на фирми, инспектори од УЈП и овластени сметководители.

Преку 15 фирми, дел од нив фиктивно основани, а дел под контрола на осомничените, изготвувани биле лажни фактури со невистинита содржина, прикажувајќи фиктивен промет на стоки и услуги без реална економска основа.

Оваа криминална мрежа функционирала од 2019 до 2024 година, а во тој период биле проневерени 5,8 милијарди денари, или околу 94,3 милиони евра.

Надлежните институции најавуваат продолжување и проширување на истрагата со цел целосно расчистување на случајот.

CATEGORIES
TAGS
Share This