ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАПИША ВТОРАТА ЕВРОПСКА ПОБЕДА Битолчани остануваат во трка за следната фаза

Капитенот Кузмановски беше најефикасен со осум гола, додека Атанасијевиќ постигна пет.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ЈА ЗАПИША ВТОРАТА ЕВРОПСКА ПОБЕДА Битолчани остануваат во трка за следната фаза

Еурофарм Пелистер продолжува со одличните настапи во Европската лига на ЕХФ, откако на домашен терен убедливо го совлада Гдањск со 34-27 и ја запиша втората победа по ред во натпреварувањето.

Битолчани одиграа доминантен натпревар, на паузата заминаа со предност од шест голови, а во продолжението имаа и плус седум, сигурно контролирајќи го резултатот до самиот крај.

Капитенот Кузмановски беше најефикасен со осум гола, додека Атанасијевиќ постигна пет. Со новите бодови, Пелистер останува во игра за пласман во следната фаза.

CATEGORIES
Share This