АСТРОНОМИТЕ СО ТВРДЕЊЕ ЗА МОЖНА СКРИЕНА ПЛАНЕТА НАД НЕПТУН Мистериозниот свет можеби е до двапати помасивен од Земјата

Истражувачите преку компјутерски симулации што опфаќаат 4,5 милијарди години утврдиле дека гравитациското влијание на вакво небесно тело може да ги објасни необичните орбити на некои ледени објекти зад Кајперовиот појас.

АСТРОНОМИТЕ СО ТВРДЕЊЕ ЗА МОЖНА СКРИЕНА ПЛАНЕТА НАД НЕПТУН Мистериозниот свет можеби е до двапати помасивен од Земјата
An artist's impression of the hypothetical Earth-sized world, Planet X2. (Patryk Sofia Lykawka/SpaceEngine)

Меѓународен тим астрономи откри нови индиции за постоење на досега непозната планета во најоддалечените делови на Сончевиот Систем, далеку зад орбитата на Нептун. Хипотетичката планета, наречена Планета X2, според научните модели би можела да има маса од една до две Земји.

Истражувачите преку компјутерски симулации што опфаќаат 4,5 милијарди години утврдиле дека гравитациското влијание на вакво небесно тело може да ги објасни необичните орбити на некои ледени објекти зад Кајперовиот појас.

Според пресметките, Планета X2 би се движела на оддалеченост од 350 до 500 астрономски единици од Сонцето, што ја прави исклучително тешка за директно набљудување.

Научниците нагласуваат дека станува збор за хипотеза, а не за потврдено откритие. Таа е различна од теоријата за постоењето на Деветтата планета, која би имала поголема маса и поинаква орбита.

Дополнителни податоци се очекуваат од опсерваторијата „Вера Ц. Рубин“ во Чиле, чиј моќен телескоп ќе овозможи откривање на нови далечни објекти и проверка на претпоставките за постоењето на овој мистериозен свет.

CATEGORIES
Share This