ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ Лажни СМС-пораки за неплатено паркирање со закани за казни од 20.000 денари и одземање на регистрацијата

Во пораките се бара уплата преку лажни интернет-страници, со закани за казни од најмалку 20.000 денари и суспензија на регистрацијата на возилото.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ Лажни СМС-пораки за неплатено паркирање со закани за казни од 20.000 денари и одземање на регистрацијата

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ предупредува на нова фишинг-измама во која непознати испраќачи го злоупотребуваат името и логото на претпријатието за да испраќаат лажни СМС-пораки за наводни неплатени паркинг-долгови.

Во пораките се бара уплата преку лажни интернет-страници, со закани за казни од најмалку 20.000 денари и суспензија на регистрацијата на возилото.

Од претпријатието нагласуваат дека немаат никаква поврзаност со овие пораки и апелираат граѓаните да не ги отвораат линковите, да не внесуваат банкарски податоци и да не вршат уплати.

Доколку некој веќе ги споделил податоците од платежната картичка, треба веднаш да ја контактира банката и да го пријави случајот во МВР.

Информациите за паркинг-обврски треба да се проверуваат исклучиво преку официјалната веб-страница www.poc.mk или контактите на ЈП ПОЦ.

CATEGORIES
Share This