ПО 18 ПОСНИ ГОДИНИ Вардар го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Вардар се новите освојувачи на Купот на Македонија за сезоната 2024/25, откако во финалето ги совладаа Струга ТЛ со 2:0. Ова е шеста титула во клупската историја, но и прва по 18 години пауза.
Херој на триумфот беше младиот напаѓач Талевски, кој ги постигна двата гола – во 26. и 48. минута. Струга имаше неколку добри шанси преку Укпа, Радески и Кривањева, но не успеа да реализира. Доминго погоди и статива при резултат 0:1.
Трофејот е прв во Купот за тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да слави ниту во своето второ финале.
Со оваа победа, Вардар обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига.

CATEGORIES Фудбал


