ГОЛДЕН СТЕЈТ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ТРАНСФЕР Никола Јокиќ е меѓу желбите на Вориорси за следната сезона, Стеф Кари би можел да добие соиграч од соништата
Вориорси ја следат ситуацијата околу Јокиќ и се надеваат дека ќе имаат доволно простор во платниот буџет за да му понудат максимален договор.

Голден Стејт Вориорси размислуваат за ангажман на голема НБА-ѕвезда следното лето, а меѓу потенцијалните цели е и српскиот центар Никола Јокиќ, тврди новинарот Џејк Фишер.
Според неговите информации, Вориорси ја следат ситуацијата околу Јокиќ и се надеваат дека ќе имаат доволно простор во платниот буџет за да му понудат максимален договор. Клубот сака да го искористи и присуството на Стеф Кари како дополнителен аргумент за привлекување голема ѕвезда.
Фишер потсетува дека Голден Стејт претходно не успеал да ги ангажира Јанис Адетокумбо и Кевин Дурент, но и понатаму верува дека може да доведе звучно засилување преку размена или како слободен агент.
Засега нема конкретна понуда ниту преговори со Јокиќ, туку само интерес и следење на можноста за негов евентуален трансфер.

