УАПСЕНИ ОСУМ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА СМРТТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ Судско-медицинските наоди откриле бројни повреди

Според обвинителството, осомничените се товарат за злоставување и мачење со последица смрт. Одреден им е притвор до 48 часа.

УАПСЕНИ ОСУМ ПОЛИЦАЈЦИ ЗА СМРТТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ Судско-медицинските наоди откриле бројни повреди

Осум припадници на Управата за криминалистичка полиција во Србија се уапсени под сомнение за тешка телесна повреда со смртен исход, во врска со смртта на Далибор Драгијевиќ, кој почина во полициска станица во Бор на 7 април 2024 година.

Драгијевиќ бил приведен во рамки на истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ. Според обвинителството, осомничените се товарат за злоставување и мачење со последица смрт. Одреден им е притвор до 48 часа.

Случајот повторно се отвора по наодите на Институтот за судска медицина во Белград, според кои Драгијевиќ имал бројни повреди по телото, вклучувајќи скршеници на ребрата и повреди на главата и стапалата.

Како што објави српскиот неделник „Радар“, осумтемина полицајци во своите искази тврделе дека не забележале повреди кај Драгијевиќ. Тие навеле дека го однеле на повеќе локации во потрага по телото на Данка, а потоа го вратиле во полициската станица во Бор, каде што му се слошило и изгубил свест.

Далибор Драгијевиќ починал во полициски притвор истата ноќ кога бил приведен, на 6 април 2024 година. Осумтемина полицајци сега се осомничени за нивната улога во настаните што му претходеле на неговата смрт.

CATEGORIES
Share This