БАНКА ОДИ ВО СТЕЧАЈ ВО СРБИЈА Што ќе се случи со парите на штедачите
Судот во Белград отвори стечајна постапка за „Алта банка“. Осигурените депозити до 50.000 евра ќе се исплаќаат преку „Банка Поштанска штедилница“.

Стопанскиот суд во Белград денеска отвори стечајна постапка за „Алта банка“, а за стечаен управник ја назначи Агенцијата за осигурување на депозити.
За исплата на осигурените средства е избрана „Банка Поштанска штедилница“, преку чии експозитури штедачите ќе можат да ги подигнат парите.
Агенцијата најдоцна до 6 ноември ќе ги објави датумот и локациите за исплата, која треба да започне во рок од седум работни дена.
Осигурувањето ги покрива депозитите до 50.000 евра по депонент, без оглед на валутата и видот на сметката. Динарските депозити ќе се исплаќаат во динари, а девизните во евра.
Од Агенцијата уверуваат дека Фондот располага со доволно средства за исплата на сите осигурени депозити, а штедачите ќе имаат рок од три години да ги подигнат средствата.
НАРОДНАТА БАНКА ЈА ПРЕЗЕДЕ АЛТА БАНКА Клиентите ограничени на само 10.000 денари неделно

