ТОЛКУ ОД ЗНАМ Почна да се распаѓа, луѓето повторно се враќаат во СДСМ

Од опозицијата велат дека ЗНАМ се распаѓа и дека заминуваат и луѓето кои ги предводеле општинските организации.

ТОЛКУ ОД ЗНАМ Почна да се распаѓа, луѓето повторно се враќаат во СДСМ
Фото: Принтскрин

Нов потрес во ЗНАМ на Максим Димитриевски. Виктор Петков, претседател на Општинската организација на партијата во Кисела Вода, ја напушта и преминува во редовите на СДСМ, информираат од опозициската партија. Од СДСМ ова го оценуваат како уште еден показател за осипувањето на ЗНАМ, обвинувајќи го лидерот Максим Димитриевски дека ги изневерил очекувањата на своите членови и гласачи.

„Димитриевски им ветуваше дека ќе бидат коректив и алтернатива, а ги злоупотреби за свои лични бизнис интереси. Ја предаде својата партија, ги предаде гласачите“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од опозициската партија оценуваат дека ЗНАМ било политички сателит на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, формиран со цел слабеење и делење на опозицијата. Според СДСМ, по заминувањето на пратеници и советници, сега си заминуваат и луѓето кои ги предводеле општинските организации на ЗНАМ.

Во реакцијата се осврнуваат и на најавената Платформа ЗНАМ 2.0, оценувајќи дека станува збор за нови политички ветувања. Од СДСМ велат дека граѓаните препознаваат дека токму нивната партија е единствената, како што ја нарекуваат, неконтролирана опозиција.

„Луѓето препознаваат дека СДСМ е единствена неконтролирана опозиција. Вратите на СДСМ се отворени, СДСМ е наш заеднички дом“, порачуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека продолжуваат со политичката борба против, како што велат, криминалот на власта и за подобар живот на граѓаните.

CATEGORIES
TAGS
Share This