ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАТИ ОД ГРУПА ТИНЕЈЏЕРИ ВО АЕРОДРОМ Полицијата го истражува инцидентот

Мајка пријавила во полиција дека нејзиниот малолетен син и двајца негови другари биле физички нападнати од група малолетници.

ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ НАПАДНАТИ ОД ГРУПА ТИНЕЈЏЕРИ ВО АЕРОДРОМ Полицијата го истражува инцидентот
Фото: Принтскрин

Нов случај на малолетничко насилство е пријавен во Скопје. Тројца тинејџери биле физички нападнати од група лица во скопската општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од СВР Скопје, вчера во полиција се јавила 49-годишна жена, која пријавила дека нејзиниот малолетен син и двајца негови другари биле нападнати во доцните вечерни часови.

Инцидентот се случил во саботата, околу 21:45 часот, на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата, трите момчиња биле физички нападнати од група лица, од кои дел им биле познати и претходно. Засега не се соопштуваат причините што довеле до нападот, ниту дали меѓу учесниците постоел претходен конфликт.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот. Се работи на идентификување на сите учесници и утврдување на нивната одговорност.

CATEGORIES
Share This