ФУДБАЛОТ ЗАВРШИ, ТЕПАЧКАТА ПРОДОЛЖИ Четворица приведени во Чаир, кај еден најдена дрога

МВР приведе четворица скопјани по натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш, кој се одигра на стадионот на Шкупи. Еден од приведените ќе одговара и за поседување дрога.

ФУДБАЛОТ ЗАВРШИ, ТЕПАЧКАТА ПРОДОЛЖИ Четворица приведени во Чаир, кај еден најдена дрога
Фото: Принтскрин

Четири лица од Скопје биле приведени вчера по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Тиквеш, поради повикување и учество во тепачка, информира Министерството за внатрешни работи.

Натпреварот се одиграл на стадионот на Шкупи во скопската населба Чаир, а полициските службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.А. (33), Ф.Р. (21), М.Џ. (31) и Д.Ј. (36).

Лицата биле однесени во полициска станица, каде што им биле изготвени записници за констатиран прекршок согласно член 3 од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари.

При приведувањето, кај М.А. (33) била пронајдена марихуана, поради што тој бил лишен од слобода и согласно член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

CATEGORIES
Share This