ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА Локално се очекуваат и пообилни врнежи
Повремени врнежи од дожд, локално пообилни, ќе ја зафатат земјава, а температурите ќе се движат од 2 до 17 степени.

Фото: Национал
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а дневната температура ќе се движи од 2 до 17 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремен дожд и слаб ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

