ПО АФЕРАТА СО АЛТА БАНКА, РАБОТНИЧКАТА ПАРТИЈА ПРЕДУПРЕДУВА Неправдите кон работниците се повторуваат
Работничката партија ја обвинуваат досегашните влади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за системско уништување на работничките права и необесштетување на граѓаните.

Почитувана работничка класо. Најновото случување со Алта банка уште еднаш ни ја потврдува неспособноста на власта и укажува во каков систем живееме.
Ни по многубројни афери како Тат, Џамаданче, Македонска банка, Еуростандард банка и други ниту една од досегашните влади на Сдсм и Вмро дпмне не сакаше да ги отстрани можностите за вакви афери и да ги обештети и заштити украдените и излажаните грагани.
Парите ги користеа за тренирање на магариња, за финансирање на нивни бизниси или за финансирање на нефункционалните и задолжени општини. Не ги обештетија ниту заштитија стечајците предизвикани од нивните идиотски закони, не успеја дури ни да ги исплатат неисплатените плати на работниците од уништените општествени претпријатија.
Во многу случаи дури и со судски пресуди лугето останаа без своите средства поради лошите клептомански стечаи и неинтервенција на власта.
Да не зборуваме за заробените девизи, средствата на работниците кои работеа за наши претпријатија во странство, клириншките средства и друго. И нормално е кога нема правда за претходните афери пак да ни се повтори истата слика.
Работничката партија по своја инцијатива покрена референдумски иницијативи за обештетување на работниците чии плати не беа исплатени од општествени претпријатија и за нов закон за стечајните работници со цел да им се помогне и да се намали штетата направена од нивните закони.
Но што се случи со референдумските иницијативи?
Заглавија во собраниска процедура , поради што бевме принудени да поднесеме кривични пријави до тогашниот претседателот на Собрание. Но ние повторно ке ги покренеме истите референдумски инцијативи, ако треба и сто пати се додека не се исправат нанесените неправди.
Никој не смее да му должи пари на работникот за неговиот труд. Зарем вредноста на секоја стока не е вредност на материјалот и трудот вложен во робата.
Кој го украде македонскиот работник, одговорот сите го знаеме, тоа се досегашните власти кои за сметка на трудот на работникот створија една пребогата црвена буржоазија која се наполни со пари и ги избрка работниците од Македонија. Таа иста власт сега бара работна сила од сиромашни земји.
Но македонскиот работник нема да го дозволи тоа. Тој е најголемата сила во Македонија и ке застане на нозе. Да живее работникот! – се вели во соопштението на Работничката партија.

