СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО, КОЛОВОЗИТЕ ПРЕТЕЖНО ВЛАЖНИ Внимание поради можни одрони
На граничните премини нема подолги задржувања, а патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се претежно влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, пак, нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со маса до 3,5 тони.

