МИЦКОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЕВЕРНА РАЈНА-ВЕСТФАЛИЈА Оствари средби на високо ниво

Премиерот учествуваше на самитот „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, каде што се вклучи и во панел-дискусијата за глобалните промени и регионалните реалности.

МИЦКОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СЕВЕРНА РАЈНА-ВЕСТФАЛИЈА Оствари средби на високо ниво
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оствари работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, во чии рамки реализираше средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски присуствуваше на првиот самит насловен „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“, на кој учествуваше и во панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.

CATEGORIES
Share This