СВЕШТЕНИК ОД МПЦ-ОА ПРОТИВ ДИГИТАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ Подобро без документи, отколку без Христа
теван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија преку објави на Фејсбук ги повика верниците да не ги прифаќаат дигиталните лични документи, предупредувајќи на опасноста човекот да биде сведен на број и код.

Во објавата насловена „Да останеме Христови во време на дигиталната заробеност“, свештеникот се повикува на духовните пораки што им ги припишува на светите Пајсиј, Гаврил Грузиски и Порфириј, наведувајќи дека духовната верност треба да биде поважна од прифаќањето на одредени документи.
Тој нагласува дека вистинскиот духовен „жиг“, според неговото толкување, не е технолошки симбол, туку доброволното оддалечување на човековото срце од Бога.
Во својата порака до верниците, Здравески оценува дека современиот свет постепено го сведува човекот на број и код, оправдувајќи ги промените со потребата од безбедност.
„Технологијата не е грев, но опасноста е во духот на покорност и во тоа да се прифати системот наместо Христос“, наведува свештеникот.
Тој посочува дека вистинскиот идентитет на христијанинот се темели на верата, молитвата, исповедта и Светата Причест, а не на технолошките идентификациски системи.
„Никој број или баркод не може да го замени името впишано во Книгата на Животот“, пишува Здравески, повикувајќи ги верниците да не дозволат стравот и покорноста да ја надвладеат нивната вера.
На крајот од објавата, тој ја повторува својата главна порака: „Подобро без документи, отколку без Христа! Амин“.

