НАД 25 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Какво време најавува УХМР

Претежно облачно време со повремени врнежи, локално пообилни. Температурите ќе се движат од 3 до 14 степени, а во Скопје дожд се очекува особено попладне и во текот на ноќта.

НАД 25 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Какво време најавува УХМР
Фото: Национал

Македонија ја очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и може да надминат 25 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а минималната и максималната температура ќе се движат во интервал од 3 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This