БАЧЕВ СО ЖЕСТОК КОМЕНТАР ЗА ДЕН ДОНЧЕВ Сите одат на печалба во Австралија, само тој од Австралија доаѓа во Македонија

Бачев најавува дека знае, може и смее да расчисти со случајот.

БАЧЕВ СО ЖЕСТОК КОМЕНТАР ЗА ДЕН ДОНЧЕВ Сите одат на печалба во Австралија, само тој од Австралија доаѓа во Македонија
Фото: Национал

Професорот и претседател на Единствена Македонија, Јанко Бачев, преку објава на Фејсбук остро го коментираше најновиот случај поврзан со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, потсетувајќи на неговото враќање во Македонија во различни политички периоди и отворајќи прашања за продажбата на Македонски телеком во 2001 година.

Бачев во својата објава прави паралела меѓу заминувањата на македонските граѓани на печалба во Австралија и враќањата на Дончев од Австралија во Македонија. Бачев тврди дека Дончев бил поврзан со провизии при продажбата на 49, односно 51 отсто од акциите на Македонски телеком, при што ја споменува сумата од 40 милиони германски марки. Тој наведува дека продажбата на мнозинскиот пакет акции значела и губење на државната контрола врз компанијата.

Бачев се осврнува и на враќањето на Дончев во земјава во 2017 година и поврзаноста со Заев, кога бил назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување, институција за која наведува дека управува со годишен буџет од околу 700 милиони евра.

Тој го споменува и заминувањето на Дончев од функцијата во мај 2020 година, поврзувајќи го неговиот мандат со наводи за финансиски злоупотреби. Во најновиот случај, Бачев повторно отвора прашања за Дончев, повикувајќи се на информации за наводна вмешаност во финансиски неправилности.

Во завршницата на објавата, лидерот на Единствена Македонија најавува дека ќе се заложи за расчистување на, како што го нарекува, „печалбарството на Ден Дончев“, како и за прашањето за провизија од 40 милиони германски марки при продажбата на Телеком.

„За крај, ветувам, знам, можам и смеам да расчистам со печалбарството на Ден Дончев, како и со 40-те милиони марки провизија за Телеком од четворката во тоа време“, наведува Бачев во својата објава на Фејсбук.

Целата објава на Бачев може да ја прочитате неговиот профил на фејсбук.

CATEGORIES
TAGS
Share This