БАЧЕВ: Верувате ли во чудо за Мијалков?
Лидерот на „Единствена Македонија“ ја коментираше најавата на Николоски дека Обвинителството треба да се позанимава со Мијалков: „Ни се смее на сите од Монте Карло!“

Професорот и лидер на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја коментираше изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој изрази очекување Обвинителството да се позанимава со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.
Бачев објавата ја наслови со провокативното прашање: „Дали верувате во ова чудо?!“, алудирајќи на можноста надлежните институции да преземат конкретни дејствија во врска со Мијалков.
Осврнувајќи се на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, и создавањето на ВМРО во 1893 година, Бачев прави споредба со времето на организацијата и денешните состојби во Македонија.
„Да бевме во тоа време кога Ќосето бандитите од типот на Мијалков ги решавал на прва, немаше да прашувам. Но со оглед дека сме 2026, време модерно во кое еден од најголемите бандити во поновата македонска историја Сашо Мијалков ни се смее на сите од Монте Карло, да прашам: Дали верувате во ова чудо што го спомнува Александар Николоски!?“, напиша Бачев.
Со оваа објава, лидерот на „Единствена Македонија“ ја отвори темата за одговорноста на поранешниот шеф на тајната полиција и очекувањата од правосудните институции, поставувајќи прашање дали најавените очекувања ќе се претворат во конкретни постапки.

