СИКОРСКИ СО ПРОГНОЗА ЗА ВОЈНАТА Русија следната година може да остане без ресурси

Полскиот министер за надворешни работи ги повика европските земји да му испратат дополнителна помош на Киев, вклучително и генератори за производство на електрична енергија.

СИКОРСКИ СО ПРОГНОЗА ЗА ВОЈНАТА Русија следната година може да остане без ресурси
Фото: Принтскрин

Руските ресурси би можеле да почнат да се исцрпуваат следната година доколку Украина успее да ја преживее претстојната зима, оцени полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, повикувајќи ги европските држави да ја зголемат помошта за Киев.

„Ако Украина ја преживее оваа зима, а јас сум оптимист, руските ресурси ќе почнат да исчезнуваат следната година“, изјави Сикорски, пренесува ТВП Ворлд.

Тој ги повика европските земји да обезбедат дополнителна помош за Украина, посочувајќи ја како особено важна испораката на генератори за производство на електрична енергија, во услови на тешката енергетска состојба со која се соочува земјата.

Говорејќи на настан во северниот дел на Полска, Сикорски оцени дека линијата на фронтот во Украина, долга околу 1.200 километри, во голема мера останува непроменета.

Според него, руската офанзива забавува поради зголемените загуби меѓу руските војници.

Изјавата на полскиот министер доаѓа во пресрет на зимскиот период, кога снабдувањето со електрична енергија и обезбедувањето дополнителна воена и хуманитарна помош се очекува да бидат меѓу клучните предизвици за Украина.

CATEGORIES
Share This