МУРИЊО ПРЕД ЕЛ КЛАСИКО СО ПОРАКА ДО РИВАЛОТ Реал Мадрид со мене освојува титули

Португалскиот стратег е уверен во својот тим пред големиот дуел, но предупредува дека претходните резултати не значат ништо кога се игра најголемото фудбалско дерби.

МУРИЊО ПРЕД ЕЛ КЛАСИКО СО ПОРАКА ДО РИВАЛОТ Реал Мадрид со мене освојува титули
Фото: Принтскрин

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше повнимателен од вообичаено на прес-конференцијата пред утрешното „Ел Класико“, но не пропушти да упати остри коментари за судењето и противникот. Иако не сакаше да ги открие тактичките планови за големиот дуел, португалскиот стратег јасно порача дека има доверба во квалитетот на својот тим, без оглед на исходот од натпреварот.

„Реал Мадрид со Мурињо освојува титули“, категоричен беше Португалецот.

Говорејќи за формата на тимот пред еден од најважните натпревари во сезоната, Мурињо нагласи дека досегашните резултати не се гаранција за успех во дуелот со големиот ривал.

„Во добра динамика сме, играме добро, постигнуваме голови… но во Ел Класико не е важно што сте направиле претходно, тоа нема никакво влијание. Овој натпревар е навистина различен“, изјави тренерот.

Португалецот се осврна и на прашањето за довербата во играчите, тема што ја отвори по натпреварот со Севиља. Според него, тренерите често се првите на удар кога резултатите не се добри, додека играчите добиваат пофалби за своите настапи.

„Ова е приказната на речиси сите тренери во светот. Ова е нашиот живот“, порача Мурињо.

Тој го опиша „Ел Класико“ како уникатен фудбалски настан со огромно глобално внимание, нагласувајќи дека станува збор за натпревар во кој интересот ги надминува границите на фудбалот.

„Светот застанува“ – со оваа порака Мурињо ја истакна посебната тежина на големото дерби.

CATEGORIES
Share This