АТЛЕТИКО ГО ПЕЦНА РЕАЛ ЗА ВАЛВЕРДЕ Целата медицинска фела грешела

Само 17 дена по тешката повреда, Уругваецот се најде на списокот за дуелот со Виљареал, иако Реал претходно најави закрепнување од 6 до 12 недели.

АТЛЕТИКО ГО ПЕЦНА РЕАЛ ЗА ВАЛВЕРДЕ Целата медицинска фела грешела
Фото: Принтскрин

Откако Федерико Валверде се најде на списокот на Реал Мадрид за вечерашниот натпревар против Виљареал, Атлетико Мадрид упати иронична порака на социјалната мрежа „Х“, со која дополнително ја разгоре полемиката околу повредата на уругвајскиот фудбалер.

„Сакаме да му честитаме на Реал Мадрид што продолжува да пишува историја, докажувајќи дека 100% од глобалната медицинска заедница грешела“, објави Атлетико, алудирајќи на брзото враќање на Валверде на теренот.

Од Реал Мадрид претходно соопштија дека нивниот капитен има повреда на глуждот од трет степен, која ја заработил по грубиот старт на Канг-ин Ли во градското дерби пред 17 дена. Во мадридскиот клуб реагираа и поради тоа што противникот не добил директен црвен картон за стартот. Два дена подоцна, Техничкиот комитет на судии призна дека јужнокорејскиот фудбалер требало да биде исклучен.

Валверде го доигра натпреварот против Атлетико, но по последниот свиреж глуждот му бил значително отечен.

Сега, само 17 дена по спорниот дуел, Уругваецот повторно е на располагање на Реал Мадрид, што Атлетико го искористи за да се пошегува на сметка на неговото брзо закрепнување.

Капитенот на Реал го одработил последниот тренинг без проблеми и е во конкуренција за вечерашниот натпревар против Виљареал.

Валверде не настапи за репрезентацијата на Уругвај за време на последната репрезентативна пауза поради повредата. Според медицинскиот извештај на Реал Мадрид, станувало збор за повреда за која вообичаено се потребни од шест до 12 недели за закрепнување.

Неговото враќање по само 17 дена предизвика иронична реакција од градскиот ривал, а објавата на Атлетико дополнително ја подгреа дебатата околу сериозноста на повредата и брзината на закрепнувањето на фудбалерот.

CATEGORIES
Share This