МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ВО СОФИЈА Ќе се отвори ли нова страница за бугарската блокада

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија в четврток ќе се сретнат на маргините на конференцијата за Коридорот 8, во време на застој во евроинтегративниот процес.

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ВО СОФИЈА Ќе се отвори ли нова страница за бугарската блокада
Фото: Принтскрин

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, в четврток ќе одржат билатерална средба во Софија.

Од бугарското Министерство за надворешни работи за БТА потврдиле дека средбата ќе се одржи на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8, чиј домаќин ќе биде Петрова.

Од бугарското МНР оценуваат дека форумот ќе овозможи билатерална средба како дел од тековниот дијалог меѓу двете земји.

Средбата следува откако, според претходно објавените информации, премиерот Христијан Мицкоски го замолил Муцунски да побара средба со Петрова, по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје.

Од македонското МНР претходно потврдиле дека е побарана средба меѓу Муцунски и Петрова на маргините на министерскиот состанок во Софија.

МУЦУНСКИ: Една земја го држи во заложништво целиот процес на евроинтеграција

CATEGORIES
Share This