ЧИСТАЧ УДРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА 5.628 лица лишени од слобода и 1.135 кривични пријави

Полицијата извршила речиси 159 илјади проверки и претресла повеќе од 1.100 домови и простории – запленети дрога, оружје, пари и возила.

ЧИСТАЧ УДРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА 5.628 лица лишени од слобода и 1.135 кривични пријави
Фото: Национал

Оперативната акција „Чистач“, која МВР ја спроведува од септември 2024 година на целата територија на Македонија, досега резултирала со 5.628 лица лишени од слобода и 1.135 кривични пријави.

Акцијата ја спроведува Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, а е насочена кон сузбивање на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.

Според МВР, досега биле проверени и идентификувани 74.229 лица, додека биле извршени 158.955 прегледи на лица, возила и багаж. Полицијата извршила и 1.158 претреси на домови и други простории.

Од вкупно 1.135 кривични пријави, 88 се за дела од областа на насилниот криминал, а 1.047 за кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.

Во акцијата се запленети марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и МДМА-таблети, но и оружје, пари, возила и мобилни телефони.

МВР информира дека биле спречени и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со дрога, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.

За дел од осомничените е определен притвор, а во одредени случаи се изречени и затворски казни, согласно одлуките на надлежните органи.

Од МВР најавуваат дека акцијата „Чистач“ продолжува и во наредниот период, со координирани активности, акциски денови и засилени контроли низ државата.

CATEGORIES
Share This