КАТАЛОНСКА ЕУФОРИЈА Три трофеи и еден пад од автобус
За среќа, Мартинез помина без повреди и продолжи со прославата. Настанот предизвика загриженост меѓу присутните, но заврши со среќен исход, а фудбалерот и натаму беше дел од веселата атмосфера што ја облеа Барселона.

Фудбалерите на Барселона ја заокружија успешната сезона со голема прослава, откако го освоија третото трофеј во низа. Каталонскиот гигант ја заврши сезоната како шампион на Шпанија, со титула обезбедена две кола пред крајот на Ла Лига, дополнувајќи ги веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Копа дел Реј.
По триумфот, фудбалерите прво славеа во соблекувалната на Еспањол, а потоа прославата продолжи со парада низ улиците на Барселона, каде што играчите ги поздравија навивачите од отворен автобус.
Меѓу најрасположените беше дефанзивецот Ињиго Мартинез, кој сепак доживеа непријатен момент. За време на движењето на автобусот, тој изгуби рамнотежа и падна на грб од возилото. Инцидентот е забележан на видео, објавено од шпанските медиуми.