ДО 26 СТЕПЕНИ, НО НЕКА НЕ ВЕ ЗАЛАЖУВА СОНЦЕТО Стигнува засилен северен ветер
Променливо облачно време со сончеви периоди, слаб до умерен ветер, а во североисточните краеви повремено и засилен. Во Скопје температурите ќе останат пријатни.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Температурата ќе се движи од 5 до 26 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој во североисточните делови повремено ќе биде засилен.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

